Кошаркарите на Црвена Звезда малку потешко од очекувањата ја совладаа Цедевита Олимпија (100-95) во дербито од 16. коло од АБА-лигата со што дојдоа до скор 14-1 со пораз помалку од вечниот ривал Партизан, но и со меч помалку и тоа против вечерашниот ривал од првиот дел од сезоната.
Блескаше аргентинскиот двоец Факундо Кампацо и Лука Вилдоза, кои беа меѓу најефикасните во својот тим. Вториот од нив на крајот од првото полувреме предизвика еуфорија на трибините со маестрална тројка и тоа шутната преку центарот на теренот.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.