четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мбапе се распука против шестолигаш – постигна дури пет гола (ВИДЕО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Фудбалерите на ПСЖ ептен лесно се пласираа во осминафиналето во Купот на Франција, откако вечерва и тоа како гости немаа проблеми против шестолигашот Пајс де Касел (7-0).

Лионел Меси доби одмор и воопшто не беше во комбинација за оваа средба, па главни на теренот беа Килијан Мбапе и Нејмар. Францускиот репрезентативец беше незапирлив па постигна дури пет голови, додека Бразилецот постигна еден гол и забележа две асистенции. Сите голови погледнете ги ТУКА.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Следниот противник на „светците“ е далеку посилен и посериозен со оглед што за пласман во четвртфиналето ќе ги одмерат силите со Олимпик Марсеј.

Поврзани вести