четврток, 12 ноември 2026
Најново

Автобус со младински тим во Бразил излетал од мост – има четири жртви!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Голема трагедија се случила во Бразил откако три талентирани фудбалери од младинската школа на клубот Еспорте клуб Вила Марија Хелена и еден тренер загинале, а 29 други се повредени откако автобусот со кој се возеле излетал од мост и се превртел во реката.

Според бразилски „О’Глобо“ во автобусот имало 28 фудбалери од младонско-пионерската школа на клубот на возраст од 14 до 17 години, четворица тренери и возачот на автобусот. Првичните информации од полицијата се дека возачот изгубил контрола над автобусот и излетал од мостот, па паднал во реката.

Поврзани вести