Борел со осуда за инцидентот во Охрид, но и за изјавите на „некои националистички политичари“






Високиот преставик за надворешна и безбедносна политика, Жосеп Борел, денеска го осуди инцидентот со нападот во Охрид, истакнувајќи, меѓутоа, дека се неприфатливи изјавите кои ги даваат некои националистички политичари.

Тој, за време на денешната средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи, изрази уверување дека одговорните за инцидентот ќе бидат изведени пред правдата.

„Јас сум уверен од најавата на вашата власт дека одговорните ќе бидат изведени пред правдата. Но, истовремено слушаме и неприфатливи изјави кои ги даваат некои националистички политичари, кои поттикнуваат омраза и имплицираат насилство. Тоа може само дополнително да ги зголеми тензиите и не придонесува за атмосфера која придонесува за добрососедски односи. Најсилно го осудувам секој повик за насилство“, рече Борел.

Според него, од суштинско значење е заедничкото работење и создавање атмосфера на дијалог и взаемно почитување.

Извор: МИА

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: