Фото: Запознајте го ова ПРЕСЛАТКО БЕБЕ кое има 100.000 фанови и добива подароци од Кардашијан

Интернетот одлепи од тоа колку ова бебе е преслатко, а „зачинот“ по име Кардашијан никако не може да наштети.Осум месечно бебе по име Египат има неверојатен број на фанови на социјалните мрежи, а нејзините сини очи го привлекоа вниманието дури и на кланот Кардашијан. Египат е ќерка на австралиски рапер и „интернет забавувач“ Фортафи и неговата партнерка Шана Еверс.

Египат достигна 100.000 лајкови на фејсбук кога oбјавија слика на која носи бањарка  со потпис „Кардашијан кидс“,  која познатите сестри ја споделија и на нивните социјални мрежи.

Раперот и неговата партнерка се воодушевени од популарноста на нивната ќерка.
– Убаво е да се биде признат и тоа ме прави многу горд како родител – вели тој.

 
Освен што луѓето се воодушевени од млата Египат и нејзините преслатки очиња, тие исто така не можат да престанат да коментираат колку нејзините родители потсетуваат на Ким Кардашијан и Канје Вест.

– Шана се навикна на тоа, со години и зборуваат  дека личи на најпознатата сестра од Кардашијан – вели раперот.

Фортафи вели дека е одлично тоа што примил порака од Кардашијан и дека многу му е интересно што луѓето ја споредуваат неговата жена со најпознатата старлета на светот. 
Осум месечно бебе по име Египат има неверојатен број на фанови на социјалните мрежи, а нејзините сини очи го привлекоа вниманието дури и на кланот

Пронајдете не на следниве мрежи: