Како што јавноста знае, веднаш по точката за европската интеграција, во тој договор е ставена и точката дека „Владата ќе испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои ќе извршат меѓународна истрага на процеси за кои постојат сомневања дека врз нив било вршено политичко влијание, како што се: Монструм, Алфа, Диво Насеље, Малиот Алмир“. Затоа сме тука денес не дозволиме тој човек или било кој друг да се поигрува со тоа прашање, сето тоа на штета на луѓето кои лежат по затвори, на нивните семејства, но и на сите граѓани, изјави денеска на прес-конференција генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирие Ибрахими.
Додаде дека за да биде јавноста точно информирана Алтернатива на 24 август 2022 год. го достави кај премиерот Ковачевски писмото што требаше да биде испратена до Европската комисија.
-Сепак, тој се оправда со некои технички процедури, се додека по наше инсистирање дека „ако не иде писмото, нема да имаш мнозинство; тогаш на 6 декември 2022 год. министерот за Европски прашања, Бојан Маричиќ, му го врати писмото на претседателот Гаши со некои забелешки. Откако ние го примивме, видовме дека забелешките се околу објаснувањата и дека барањето како такво останува, токмо тој ден му го вративме со наша согласност дека писмото може да оди. И, ете, денес сме 17 февруари, а писмото уште не е поминато на влада, не е пратено до Европската комисија и сега му текнува на премиерот да си поигрува со оваа тема, ставајќи ја во политичкиот пазар на купопродажба на недостатокот на бројки во Собрание, појаснуваат од партијата на Гаши.
-Во оваа прилика не сакаме да зборуваме за етичкиот дел на неговото дејствување, бидејќи темата етика не важи за луѓе на кои им недостасува тоа, но го повикуваме премиерот да го прати писмото. Прати го писмото до Европската комисија, земете ги вие заслугите и ние ќе ве аплаудираме. Само не се шегувајте веќе со оваа тема. За нас поважно е да се врши работата отколку кој ги зема заслугите. Како што вели Балзак, „тие кои ги посакуваат признанија, обично не ги заслужуваат, а тие ги заслужуваат, обично не ги сакаат“. Ние не сакаме признанија и благодарници, туку бараме правда и само правда за невини луѓе, рече генсекот на Алтернатива.