Телата на 18 мигранти се пронајдени во напуштен камион кај селото Локорско кај Софија, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи, пренесува Btvnovinite.com.

Уште 14 лица се префрлени во болниците во Софија во тешка состојба, а на најмалку десет лица им била укажана помош на местото каде што биле пронајдени.
- АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД СЕДУМТЕ УСЛОВИ НА ИРАН – ТАЈНА ПОСЕТА НА ИРАЧКИОТ ПРЕМИЕР ВО ТЕХЕРАН
- Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед
- Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот од Абу Даби би можел да отвори нова дипломатска врата за Украина
- Сметката на компанијата на Јелена Карлеуша блокирана поради долг од околу 7000 евра
- Ова се 10 знаци кои покажуваат дека сте целосно будни
Се проценува дека во шлеперот кој превезувал дрва имало вкупно 40 лица. Бугарските медиуми јавуваат дека мигрантите биле скриени во специјално скривалиште под товарот и дека долго време поминале без храна и вода
Според бугарските медиуми, возачите побегнале и по нив се трага.
Инаку, камионот бил пронајден два часа по полноќ.
Истрагата е во тек, а на терен се бројни полициски и возила на брза помош.






