четврток, 12 ноември 2026
Најново

И после 300 часа, чуда продолжуваат да се случуваат во Турција: Од под урнатините извлечени три лица меѓу кои и дете

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Три лица во Антакија се спасени откако поминале 296 часа под урнатините, јави турската новинска агенција Анадолија, додавајќи дека меѓу спасените има и дете.

По спасувањето, спасувачките екипи ги предале повредените на медицинските служби, по што биле пренесени во болница.
Според последните податоци, повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многумина сè уште се водат за исчезнати. јт/

Поврзани вести