Не стивнуваат реакциите и денеска за скандалозното интервју кое требаше да биде „кул“ и некој да се промовира во фраер, а друг во „интересен водител“. Дополнително на тоа во јавноста излезе информацијата дека е отворен предмет во ОЈО за силувањето кое беше предмет на отворена изјава и потсмев во онлајн емисијата.
- АЛАРМ ВО СРПСКИОТ ЕНЕРГЕТСКИ СЕКТОР: Вака не било од 2003 година – „Ѓердап“ со историски најниско производство!
- Приведена 41-годишна жена од Кратово поради напад врз посетители на Куклица
- Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици да бидеме во ситуацијава во која се наоѓаме сега
- „Успешна спонзоруша би родила едно дете и би си заминала, јас родив седум“
- Левица: Муцунски излажа дека Трамп ќе се премисли во врска со визите за Македонците

Секторот за компјутерски криминал од МВР доставил известување до скопското обвинителство по интервјуто емитувано на 15 февруари, во кое Латас раскажува како на 15-годишна возраст, тој и неколку другари злоставувале девојка која претходно била „шамарана“.
Во интервјуто во еден дел Латас, раскажувајќи за своето прво сексуално искуство кажува дека бил повикан од познаник кој му рекол да „влезе во фичото и да работи“ додека внатре имало „распарталена жена“. Претходно Латас го опишува пријателот како син на полициски моќник во тоа време, кој сакал сите девојки пред сексуалниот чин да ги „шамара“.
„До Основното јавно обвинителство Скопје доставено е известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР за настанот. Надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки“, изјавија од ОЈО.
Интервјуто предизвика лавина коментари и осуди во јавноста, при што имаше повици до Обвинителството да постапи.


