четврток, 12 ноември 2026
Најново

(Видео) Петровски: Сметам дека Америка не ни е непријател, нема доказ дека Русија на нас ни помагала низ историјата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Може ќе ми замерат ама јас сметам дека Русија, нема доказ дека некогаш во историјата ни помогнала на нас како Македонци и не сметам дека Америка на нас ни е непријател, истакна во денешната епизода на Тешки муабети нашиот ко-водител, Филип Петровски.

– Факт ли е дека Албанците, не само во Македонија туку на Бачканот се под контрола на Америка, факт ли е дека може како елемент за дестабилизација да ги искористат? Факт ли е дека можат да им телефонираат како на Ахмети да го сруши Груевски?

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Факт е дека се работи за голема држава и тука големата држава прво го гледа својот интерес, дали е САД, Русија, Кина, ЕУ како конгломерат. Ние треба да го гледаме својот интерес, ама ние не знаеме каде сакаме, едни сакаат ЕУ, други Евроазиска унија, трети БРИКС…

Нашиот народ нема традиција на организирање, ние немаме капацитет да слушнеме поинакво мислење, вели Петровски.