Тик Ток најави промени кои нема да им се допаднат на малолетните лица, еве за што станува збор!

Тик Ток најави стандардно дневно ограничување на времето на екранот за профили со корисници под 18 години.

Ограничувањето од 60 минути ќе се воведе како одговор на загриженоста за безбедноста на апликацијата, а децата ќе мора да дадат лозинка и да направат активна одлука да продолжат да гледаат откако ке го достигнат ограничувањето.
За профили на корисници под 13 години, родителите или старателите ќе мора да постават или внесат лозинка за да овозможат дополнителни 30 минути гледање.

Компанијата ќе ги поттикнува тинејџерите да постават дневно ограничување и ќе испраќа неделни известувања за времето поминато на екранот.
Иако алгоритмите на социјалните медиуми промовираат содржина за интересите на корисниците, критичарите сметаат дека истите можат да исфрлат корисниците во дупки со штетна содржина, како што е случајот со Тик Ток каде штетната содржина за ранливите тинејџери може да биде промовирана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.