Педесетте автобуси ќе бидат точка на дневен ред на Советот сѐ додека самите советници не ја изгласаат, одговори денеска градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на новинарско прашање, како го коментира тоа што, „Советот одби да ги одобри тие 50 автобуси што му се потребни на градот и дали можеби повторно ќе повлече иницијатива да се стави на Совет таа точка“.
Тоа ќе биде точка на дневен ред секоја седница на Советот, сѐ додека самите советници не ја изгласаат. Од причина што, за тоа, граѓаните гласале на овие избори. Граѓаните сметаат дека е потреба. Не само да се реформира јавниот превоз, туку и да добијат јавен превоз што ќе биде за нив достапен, пристапен, сигурен, безбеден, меѓутоа и еколошки.
Постојат некои стандарди што е неопходно да ги исполниме а тоа е едно од нештата што беа ветени и мора да се реализира. Сите коишто декларативно кажуваат дека ги поддржуваат, програмата за модерно Скопје, овие еколошки автобуси, реформата на јавниот превоз, сметам дека тоа треба да го докажат и во пракса. А доколку не го направат тоа, одговорноста ќе биде исклучиво кај нив, нагласи Арсовска.
Пронајдете не на следниве мрежи: