Лавров: Настаните во Грузија многу потсетуваат на Киевскиот Мајдан

Лавров за телевизијата „Канал 1“ изјави дека ситуацијата околу нацрт-законот за странски агенти во Грузија е само изговор за обид за насилна промена на власта, пренесува ТАСС.

Лавров: Настаните во Грузија многу потсетуваат на Киевскиот Мајдан
  • Ситуацијата е многу слична на киевскиот „Мајдан“. Несомнено е дека противењето на предлог-законот за регистрација на невладини организации кои добиваат пари од странство во износ од над 20 буџети е изговор за насилно да почне промената на власта – додаде Лавров.

Владејачката партија Грузиски сон денеска се откажа од законот за странски агенти, по тридневните демонстрации и немири во Тбилиси, во кои беа уапсени и ослободени над 130 лица.

Москва протестите на Мајдан во 2014 година, кои резултираа со човечки жртви и промена на власта во Украина, ги нарекува државен удар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.