четврток, 12 ноември 2026
Најново

Нова тепачка во супермаркет во Србија | Ќе паднеше крв за ефтина свинска плешка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Борба за поевтини кокошки, стоење во редици 4 часа за чоколадо од 50 динари (25 денари), грабање за поевтини банани, борба за евтин шеќер, се само дел од сцените кои можеа да се видат во последните неколку години во супермаркетите во Србија.

Нова тепачка во супермаркет во Србија | Ќе паднеше крв за ефтина свинска плешка

Камерата утринава сними нова ситуација, сега во Лесковац, кога муштериите се грабаа за свинска плешка која е во продажба за 400 динари (околу 200 денари), па дури почнаа дури едни на други да си скокаат на главите.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На социјалните мрежи коментарите се различни, од една страна има и такви кои го осудуваат ваквото однесување и го карактеризираат како себично. Исто така, има и такви кои го оправдуваат однесувањето затоа што е „добра понуда“. Акцијата во овој маркет завршува денеска, па се претпоставува дека затоа имало толкава гужва.

https://twitter.com/filipo_asi/status/1641405444919795713

На видеото, покрај генералното грабање за евтино месо, може да се видат и сцени како луѓето се тепаат меѓу себе со чадори.

Да потсетиме, минатата недела во маркет во Борча настана пензионерска тепачка поради ќебапи.

Поврзани вести