ЗАГРИЖУВААТ НОВИТЕ фотографии на Мики Рурк кој се изобличил од операции

Мики Рурк е прославен американски актер, боксер и секс симбол на Холивуд во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век.

И после сите пластични хирурзи во светот, ботоксот и другите трикови, луѓето стареат . Се чини дека денес, во ерата на експанзија на вештачката убавина, тоа не им се простува, особено на актерите кои не се поштедени од брчките и вишокот килограми. Има актери кои навистина не личат на себе од почетокот на кариерата , а меѓу нив има и такви на кои пороците им дошле до крај.

ЗАГРИЖУВААТ НОВИТЕ фотографии на Мики Рурк кој се изобличил од операции

Убав, шармантен, Мики Рурк блескаше и гореше во осумдесеттите и деведесетите , но интензивните третмани со ботокс, како последица на стравот од стареење, резултираа со тоа што Мики денес не личи на себе.

Во 1980-тите, овој поранешен боксер чие вистинско име е Филип Андре Рурк Џуниор сними голем број филмски хитови, а во 1990-тите беше познат по акциите како што се „Harley Davidson“ и „Marlboro Man“ со колегите Дон Џонсон и Том Сајзмор. . Жените буквално му се нуделе „на послужавник“ и постојано бил прогласуван за најатрактивниот актер во Холивуд.

За време на неговата боксерска кариера , тој се здоби со бројни повреди како скршеница на носот, прстите на нозете и ребрата, расцепен јазик и „искинати“ образи, а во еден момент дури и накратко го загуби сеќавањето.

Во меѓувреме се врати во светот на глумата, но наместо улогите и вештините, во преден план беше неговиот изглед. Откако го поправи лицето поради повредите во боксот, тој стана зависен од операција и ботокс и често шокираше со трансформации.

Никој не знае точно колку пати посетил пластичен хирург, кој му го искривил убавото лице.

Фановите денес ги гледаат неговите слики и тагуваат по стариот Мики Рурк, а јасно е дека покрај естетските корекции, на неговиот изглед влијаеле и пороците.

Пронајдете не на следниве мрежи: