Прва фотографија од синчето: Даниел Кајмаковски го покажа наследникот- гордиот татко го откри името на вториот син

Пред неколку дена, македонскиот пејач Даниел Кајмакоски ги израдува фановите со веста дека стана татко по втор пат.

Имено неговата избраничка Марина на свет го донесе, вториот син на Даниел, кој го крстија Стефан.
Гордиот татко на својот Инстаграм профил сподели и прва фотографија од наследникот и ги стопи срцата на многумина.
Дами и господа ова е кралот Стефан, напиша Даниел во описот на фотографијата.

Стефан се роди на крајот на месец април и внесе многу среќа во семејството.
Даниел претходно со емотивна порака и фотографија од бремената сопруга сподели дека чекаат момче.

Прва фотографија од синчето: Даниел Кајмаковски го покажа наследникот- гордиот татко го откри името на вториот син

Кога љубовта се претвора во живот, среќата добива едно име… Те чекаме наше малечко момче, напиша Даниел во објавата од фотографијата која ја сподели а на која е неговата избраничка со трудничко стомаче.
Да потсетиме Даниел од бракот со манекенката и пејачка Кристина Димитриевска го има синот Давид кој наполни шест години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.