Ролат со спанаќ и лосос

Не е тајна дека рибата е добра за нас. Не само што е полна со протеини и има малку заситени масти, туку и е богата со омега-3 масни киселини, кои може да го намалат ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.

По првомајските скари, препорачуваме да јадете лесни, а хранливи оброци, како овој ролат со лосос, една од најздравите риби.

Потребни состојки:
За тесто: ½ кг спанаќ, 4 јајца, сол, бибер, масло.
За фил: 20 гр сирење, 2 лажици павлака, сол, бибер, 130 грама чаден лосос.

Подготовка:
За тесто: Спанаќот исчистете го и измијте го. Пропржете го на малку масло додека не омекне и тргнете го од оган да се олади. Белките одвојте ги од жолчките и цврсто изматете ги. Жолчките исто така изматете ги и внатре додадете го оладениот спанаќ и промешајте со сол и бибер. На крај постепено додавајте ги белките и измешајте да се соедини смесата. Во плех обложен со хартија за печење истурете ја смесата и печете ја во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 15 минути.
За филот, ситно издробете го сирењето и измешајте го со павлаката така што ќе добиете смеса за размачкување. Зачинете по вкус.
На лист фолија ставете го оладеното испечено тесто наопаку од страната на која се печеше и премачкајте го со филот, оставајќи 2 сантиметри на едниот поширок крај за да може добро да го свиткате ролатот. Врз сирењето распоредете го лососот и замотувајте го ролатот по широката страна на тестото. Добро обликувајте го ролатот во фолијата и оставете го да стои во фрижидер преку ноќ. Пред послужување пресечете го на средно дебели парчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.