Гвинет зборуваше отворено: КОЈ Е ПОДОБАР ВО КРЕВЕТ – БЕН АФЛЕК ИЛИ БРЕД ПИТ

Гвинет Палтроу е една од омилените актерки во Холивуд, а неодамна таа беше на насловните не поради нејзините актерски потфати, туку поради судењето за несреќа на скијање во 2016 година.

Сега таа повторно е на насловните страници на светските медиуми бидејќи во подкастот „Call Her Daddy“ со Алекс Купер отворено зборуваше за поранешните врски што ги имала со Бред Пит и Бен Афлек.

Гвинет зборуваше отворени: КОЈ Е ПОДОБАР ВО КРЕВЕТ – БЕН АФЛЕК ИЛИ БРЕД ПИТ

Првиот го запознала во средината на деведесеттите, додека го снимала филмот „Седум“, а како што пишуваа тогаш медиумите, тоа било љубов на прв поглед.

Славната двојка беше и свршена, но набрзо по свршувачката Палтроу раскина бидејќи наводно не биле подготвени за брак.

„Мислам дека навистина бев дете, како и повеќето од 22, 23 или 24-годишници што би ги запознала сега. Навистина немав истражувано која сум, што ми е важно, кои се моите граници“.

Таа додаде: „Бев апсолутно уништена кога раскинавме, но тоа беше вистинската работа во тоа време, но беше навистина тешко“.

Водителот на подкастот одигра игра „Бред или Бен?“ со Гвинет , при што таа рече дека „двајцата добро се бакнувале“.

Купер потоа дополнително ја „зачини“ играта и и постави уште едно сочно прашање: „кој е подобар во кревет“ , на што таа ги пофали и двајцата:

„Навистина е тешко да се одлучам. Затоа што Бред беше како еден вид голема хемија, љубовта на мојот живот на некој начин, во тоа време. И тогаш Бен беше, како, технички брилијантен. Не ми се верува дека ќерка ми го слуша ова“, се посрамоти актерката.

За работите да бидат поинтересни, Гвинет конечно призна дека ќе се врати во кревет со Бред Пит, но и дека повторно ќе се омажи за нејзиниот поранешен сопруг Крис Мартин, фронтменот на групата Колдплеј, од кој се разведе во 2016 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.