Девојчињата од Струмица се пронајдени, мајката на една од нив се заблагодари за помошта

Девојчињата на возраст од 12 и 14 години, кои попладнето се изгубија во центарот на Скопје, се пронајдени, напиша околу полноќ на Фејсбук мајката на едното од нив.

Оваа информација ја истакна мајката на едно од девојчињата, која им се заблагодари на сите кои помогнаа и се потрудија да ги бараат.
Таа ова го напиша во краток коментар на постот во кој претходно го објави дека се бараат.

Потсетуваме, двете девојчиња дошле во Скопје преку училиштето на еднодневна екскурзија и посета на Саемот на книга и Зоолошката градина. Имале пауза да прошетаат и во договореното време да се вратат кај автобусите. Последен пат беа видени во близина на Веро Џамбо. Откако не дошле на договореното место и во договореното време, наставниците пријавиле во полиција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.