Свиленото тофу е добар извор на протеини од растително потекло. Има многу помека текстура од обичното тофу, поради што често се користи за подготовка на разни сосови. Тоа е и незаменлив дел од подготовката на разни десерти. Во продолжение прочитајте го нашиот денешен рецепт за чоколадна пита со свилено тофу.
Потребни состојки:
За основата:
50 грама овесно брашно
50 грама бадемово брашно
50 грама стопен путер
2 лажици шеќер
прстофат сол
За кремот:
450 грама свилено тофу на собна температура
340 грама темно чоколадо
60 грама мед
4 лажици путер од кикирики во прав
1 лажичка екстракт од ванила
прстофат сол
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.
- Направете ја кората: измешајте брашно од овес и бадем, мед, шеќер и малку сол. Префрлете ја смесата во калап за пита со дијаметар од 22 сантиметри.
- Печете во загреана рерна околу 10 до 12 минути или додека кората не добие светло кафена боја.
- Извадете ја кората од рерна и оставете ја настрана да се излади.
- Подгответе го кремот: измешајте го свиленото тофу, медот, екстрактот од ванила, путерот од кикирики во прав и солта во блендер.
- Растопете го чоколадото и додадете го во смесата. Измешајте сè додека не добиете свиленкаста мазна смеса.
- Истурете ја смесата врз печената и изладена подлога.
- Оставете ја питата во фрижидер да отстои најмалку еден час.
- Послужете ја питата со сезонско овошје по желба. На здравје!