Донираните македонски SU-25 во акција во Украина

Амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, на Твитер сподели информации на 444-от ден од почетокот на руската инвазија во Украина.

За прв пат поранешен македонски Су-25 е сликан во операција со 299-тата Тактичка Воздухопловна Бригада, пишува во твитот.

Станува збор за авионот „Блу 51“ (09015), што беше доставен пролетта 2022 година и е надграден на стандардот Су-25М1(К) во Украина. Порано тој беше Су-25 „121“.

Министерството за одбрана четирите воени авиони „СУ-25“ што Северна Македонија ги набави од Украина за време на конфликтот во 2001 година, во Август минатата година ги донираше на украинското воено воздухопловство како ппомош во одбраната на Украина од руските воздушни напади.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.