понеделник, 23 ноември 2026
Најново

СУПЕР БАБИЧКА: Марта Стјуарт на 81 година позираше за Спортс илустрејтед

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Бизнисменката, ТВ-лице и писателка Марта Стјуарт позираше за насловната страница на списанието „Спортс илустрејтед свимсјут“ (Sports Illustrated Swimsuit), во костим за капење.

– Кога слушнав дека ќе бидам на насловницата на „Спортс илустрејтед свимсјут“, си помислив „Ох, тоа е навистина добро, ќе бидам најстарата личност досега на таа насловница“. Обично не размислувам многу за годините, но мислев дека ова е некако историско, изјави Марта во интервјуто.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Со своите 81 година, таа влезе во историјата како највозрасната жена што позирала за насловната страница на тоа списание. Таа рече дека новинарите ја контактирале во ноември 2022 година, а снимањето се случило во јануари, оваа 2023 година.

Смета дека да се ​​биде на насловната страница на списанието на нејзини години е предизвик и оти го исполнила успешно. Пред снимањето, вели, вежбала пилатес и неколку месеци избегнувала леб и тестенини. Луѓето со кои работела биле грижливи и се однесувале охрабрувачки.

– Тие ви велат дека изгледате добро. Убаво е тоа. Некако потврдуваат дека е во ред да го правите тоа што го правите. Мислам дека секој треба да размислува да живее добар живот, успешен живот и да не „старее“. Целото тоа стареење е толку досадно, вели Марта.

Покрај неа, за насловницата позираа и глумицата Меган Фокс, добитничката на „Греми“, Ким Петрас и супермоделот Брукс Надер.

Поврзани вести