На братот на Немања Гудељ, Драгиша Гудељ неодамна му се слошило на натпреварот помеѓу Кордоба и Расинг Фенарол, но добро се опоравил и сега се најде на трибините со својата бремена снаа Анастасија Ражнатовиќ.
Имено, во четвртокот Севиља играше против Јувентус, а таа го бодреше Немања и неговиот клуб кои се пласираа во финалето на Лига Европа.
Анастасија беше без трошка шминка, со капа на главата, видно среќна и насмеана што клубот на Немања победи и отиде во финалето кое ќе се одржи во Будимпешта.
Да потсетиме, Драгиша Гудељ, братот на српскиот репрезентативец Немања Гудељ, заврши во болница откако колабираше на теренот. Во 11. минута натпреварот помеѓу неговата Кордоба и Расинг Фенарола беше прекинат поради страшните сцени.
Брзата помош веднаш реагирала и го однела на интензивна нега во болница поради застој на срцето по што пристигнала информација дека Гудељ е стабилен.
Пронајдете не на следниве мрежи: