Тина не си го сакала големиот хит награден со Греми: Ужасна и грозна песна

Тажната вест дека легендарната пејачка Тина Тарнер почина во својот дом на 83-годишна возраст по долго боледување го обиколи светот.
Нејзината богата кариера ја одбележаа бројни хитови, но еден од нив на пејачката лично не ѝ се допаѓал.

Во документарецот на HBO, снимен во 2021 година, пејачката откри дека не ѝ се допаѓа песната „What’s Love Got To Do It“, која се најде на албумот „Private Dancer“ и за која доби Греми.
„Тоа беше ужасна и грозна песна. Јас бев рокерка, а ова беше поп песна“, рече Тина.

Нејзиниот менаџер во тоа време, Роџер Дејвис, бил воодушевен од песната и мислел дека може да биде хит.
„Ѝ кажав дека тоа е како џогирање. Потоа и двајцата станавме и трчавме. Така Тина го доби тој жлеб на песната и ја адаптираше“, изјави Дејвис, а Тарнер потврди.

„Ја сменив таа песна и ја направив моја“, додаде таа.
За потсетување, Тина е првиот афроамерикански уметник и првата Афроамериканка што се најде на насловната страница на Rolling Stone. Rolling Stone ја вброи меѓу 100-те најголеми уметници на сите времиња и 100-те најголеми пејачи на сите времиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.