Први фотографии од Анастасија Ражнатовиќ на кои се смее и го пее овој голем хит – се врати во Белград, па од аеродром замина на забава со оваа личност 

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ го изгуби бебето во петтиот месец од бременоста и од тогаш се повлече од јавноста, но и од социјалните мрежи.

Поради трагедијата Анастасија ја напушти Севиља каде живее со момчето Немања Гудељ, па се врати во Белград како овие тешки моменти биде поблиску до семејството.

Со денови не се знаеше ништо за неа, а сега нејзината идна кума Тамара Милутиновиќ објавила видео снимка на која се гледа како двете се забавуваат и пеат додека се возат во автомобил низ белградските улици.
Двете ја пееја песната од Петар Грашо „Ко нам брани“, а нејзината кума особено била расположена кое се гледа на видеото.

-Тоа беше добра недела, напиша таа со емотикон на чаша вино.
Инаку за потсетување актерката со ќерката на Цеца се дружат од детството, поточно од дванаесеттата година, а како што во една прилика изјавила Анастасија Тара ќе биде нејзина кума кога ќе се венча.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.