ПАК ИСТ МУАБЕТ: Ако сè е како што треба учебници ќе има од први септември, вели Шаќири

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска увери дека се прават напори сите учебници за наредната учебна година да се достават навремено.

-Сите учебници се одобрени и веќе имаме започната постапка која завршува за брзо. Не можам да предвидам како ќе биде наредната постапка, но сè ако се заврши според пропишаните рокови, учебниците ќе се достават на време. Очекувам први септември да биде поподготвен од сите претходни први септември. Што се однесува за трето одделение, веќе се доставени ракописи од авторите во МОН. За прво, второ, четврто и петто и за дел од средното образование, ќе имаме достава на учебници, но овој период во МОН секој го дава максимумот за се да биде навремено. За другите предмети за кои нема одобрени учебници, подготвен сум да го решам проблемот, само децата да имаат материјали, кажа Шаќири на прес-конференција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.