Христијан Мицкоски прифатил да учествува во широка коалиција со СДСМ и на уставни измени кои би се спровеле откако ќе влеземе во Европската Унија.
„Разговаравме за предлози кои што ги даде Ковачевски, од кои би издвоил еден: тој предложи да во рамките на парламентот отпочне дискусија и се отвори, се изгласа потребата со 2/3 за промена на Уставот, а потоа да биде формирана Влада во која од десетте ресори кои ги менаџира СДСМ, пет да бидат дадени на ВМРО-ДПМНЕ, да бидат завршени уставните измени, да отпочне процесот на преговори за кои пред една година не убедуваа дека е почнат, а потоа да бидат затворени 1,2,3 поглавја зависно од брзината, а таа Влада да оди на парламентарни избори. На оваа понуда беше даден одговор: во ред, ја разбирам понудата и за истата го имам следниот став. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во Влада со СДСМ, но без учество на ДУИ во таа Влада“, кажа Мицкоски.
Единствен услов кој го поставил Мицкоски е ДУИ да биде надвор од таа Влада.
-ВМРО-ДПМНЕ во влада минус ДУИ, го почнуваме процесот на уставни измени, ама ќе важат измените кога ќе почне ратификацијата на протоколот за членство на Македонија во Европската Унија, вели Мицкоски.
Ковачевски предложил заеднички партиите да застанат зад уставните измени и европската иднина на земјата, да ги изгласаат во Собранието. Вториот предлог е веднаш после усвојувањето на уставните измени да се распишат избори како компромисно решение кое ќе значи продолжување на европскиот пат, обединување околу стратешкиот интерес на земјата но му дава излез на Мицкоски со оглед на тоа што неговото клучно барање се избори.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите, по лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски, истакна дека е добро што се случила оваа лидерска средба бидејќи има комуникација.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.