„Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вчера се сретнал со претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари. Според партиски извори, средбата се одржала во Гостивар и во средиштето на вниманието биле последните политички случувања.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија – ИНА.
ИНА дополнува дека политичките партии ги зачестија средбите поврзано со гласините за предвремени избори, или проширена Влада според условите на ВМРО-ДПМНЕ за влада без ДУИ, за да гласа за уставните измени.
По лидерската средба меѓу Мицкоски и Ковачевски стана јасно дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени, доколку тие се со одложено дејство и доколку ДУИ излезе од владината коалиција.
На вчерашните состаноци на централниот и извршниот одбор на СДСМ беше одлучено да се формира работна група меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за пеглање на уставните измени.
ДУИ денеска официјално одлучи дека доколку ВМРО-ДПМНЕ ги гласа уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, тие се подготвени да излезат од владината коалиција.
По вчерашниот состанок меѓу Ахмети и Таравари се поставува прашањето дали Мицкоски сега ќе бара и Алијанса за Албанците да излезе од Владата?