Летна манџа со месо

Популарната летна манџа има и верзија со месо, за вистински гурмани.
Летната манџа е јадење кое најчесто се подготвува на лето и пролет, бидејќи е лесно, а и пазарите тогаш се полни со домати и пиперки. Но, има и верзија со месо, која е исто така вкусна, а ќе изедете помалку леб. Подготовката не е комплицирана, и оваа летна манџа се прави брзо и лесно.

Потребни состојки:
500 гр свинско или пилешко месо
8 големи пиперки
7 домати
малку ориз
1 кромид
2 тиквички
½ чаша вода
масло
сол
бибер

Подготовка:
Во голема тава на масло пропржете го ситно сечканиот кромид, па додадете сечкано месо (свинско или пилешко). Посолете и побиберете, па кога месото ќе се пропржи додадете сечкани пиперки, домати и тиквички. Сипете половина чаша вода, поклопете и остаевете да се крчка. Кога зеленчукот ќе пушти сок, додадете го оризот и гответе додека сѐ не омекне. На крајот зачинете по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.