КУРТИ ПОПУШТИ! Потребни се нови избори

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека се потребни нови избори во четири општини на северот на Косово и Метохија бидејќи излезноста била слаба и додаде дека разбира оти легитимитетот е нецелосен, пренесува порталот Ало.

– Од друга страна, мораме да најдеме законско решение, а не да работиме надвор од законот. Можна е граѓанска петиција во која ќе им биде прекинат мандатот на градоначалниците на тие општини. Јас сум подготвен да помогнам во тоа, но не можеме да одиме по диктат за градоначалник и незаконски решенија, тоа би создало дополнителен проблем – изјави Курти за новинарите во Брисел.

Тој тврди дека полициските акции на северот на Косово и Метохија се „реакции на разни насилни екстремисти“и дека тоа не се полициски акции, туку реакции.

Тој рече дека нормализацијата на односите треба да се случи преку имплементација на Основниот договор.

– Мојот впечаток е дека Србија кажа „да“ за договорот, а сега се кае и сака да го попречи спроведувањето. Треба што поскоро да го спроведеме договорот и дека Косово има нормални односи со Србија. ЕУ, Брисел, се местото каде што треба да ги решаваме проблемите, но затоа ви треба повеќе енергија, инсистирање и сериозност – рече Курти.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во сопствен твит посочи дека сè додека не бидат ослободени тројцата државјани на Косово кои беа уапсени во Србија не може да биде постигнат напредок „ни милиметар“.

„Без трите момчиња да си заминат здрави и живи од Србија, нема простор за вистински напредок ни милиметар! Откако ќе се вратат дома, потребна е силна нова акција на Франција и Германија за да се запре оваа спирала на апсурд! Но, првата работа е : ослободете ги тројцата полицајци“, напиша Рама споделувајќи дел од реакциите на Жозеп Борел за тензичната ситуацијата на северот на Косово.

Борел во Брисел имаше средби со Курти, но и со српскиот претседател Александар Вучиќ кој изјави дека „не го гледа клучот“ за решавање на ситуацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.