Зеленски ги замрзна Русите! Лидерот на Украина најави бунт од невидени размери во Русија!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за ABC News изјави дека може да има нов бунт во Русија и дека има луѓе кои ќе го поддржат.

Зеленски ги замрзна Русите! Лидерот на Украина најави бунт од невидени размери во Русија!
  • Има знак дека може да има уште еден бунт во Русија, револуција. Покрај тоа, има многу луѓе кои би можеле да поддржат таков бунт – рече Зеленски, коментирајќи го бунтот на руските платеници од групата Вагнер што се случи во Русија на 23 и 24 јуни.

– Путин нема воена сила внатре во Русија, а руското цивилно население не е заштитено – изјави претседателот на Украина.

„Пригожин сакаше да стане политичка фигура“
Зеленски тврди дека примарна цел на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, била да стане „политичка фигура“ во Русија и дека успеал.

Силите на Вагнер дошле на 200 километри од Москва, пред Пригожин ненадејно да се откаже од бунтот.

  • Зошто застана? Па, не знам со сигурност – рече Зеленски.

„Вагнер нема да напаѓа од Белорусија“
По завршувањето на бунтот, на војниците на Вагнер им беше кажано да потпишат договори со руската војска, да се вратат кај своите семејства или да ја прифатат понудата на Лукашенко да заминат во Белорусија, каде што, според сателитските снимки, се изградени потенцијални нови воени бази.

Но, Зеленски вели дека достапните контраразузнавачки податоци покажуваат дека трупите на Вагнер нема да ја нападнат Украина од север.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.