Вклучувањето на советници онлајн на седниците на Советот на Град Скопје е противделовнички и противстатутарно, истакна на денешната седница на Советот независната советничка Ирена Витина.
-Согласно Деловникот за работа не е предвидено онлајн вклучување на советници, Ковид-мерките завршија, претседателот на Советот брутално го крши Деловникот. Птретседатече Ве прашувам, согласно кој член од Деловникот и Статутот дозволувате онлајн појавување?
Имаме советници што 6 месеци не се појавиле на седница, се плашите претседателе да не ве сменат од позиција па дозволувате онлајн вклучување? – праша Витина.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.