Дали вашето дете има токсично другарче?

Пријателствата се важен дел од животот на детето, објаснуваат психолозите. Но, не сите пријателства се здрави или подеднакво позитивни за детето, без разлика на нивната возраст.

Всушност, експертите објаснуваат дека во одредено друштво детето може да се чувствува многу анксиозно, под стрес или збунето, што негативно влијае на неговото целокупно расположение, самодоверба, па често дури и на успехот на училиште, пренесува Very Well Family.

Психолозите нагласуваат дека доколку се сомневаме дека нашето дете има токсично другарче, важно е да препознаеме одредени знаци и навреме да интервенираме. Тврдат дека здрави пријателства се оние во кои владее соработката и поддршката, додека во нездравите пријателства обично една личност ги носи сите важни одлуки. Исто така, во токсичните пријателства често има агресија од едната страна, најчесто кога детето не го добива она што го сака.
Токсичниот пријател често се однесува на многу непријатен, прилично груб начин, што подразбира неприфатливо однесување како исмејување, навредување или откривање тајни или поточно непочитување на приватноста на детето со кое се дружи. Често се присутни и емоционални манипулации, постојана потреба за натпревар или љубомора.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.