Прескокнете ги лососот и туната, оваа риба е најздрава

Рибата треба да биде задолжителен дел од исхраната поради омега-3 масните киселини кои таа ги содржи, а кои се здрави за срцето.

Но, можеби е време да ги прескокнете лососот и туната и наместо тоа да започнете да консумирате повеќе сардини како и школки.
„Помалите риби и школките можат да го зголемат вашиот внес на микронутриенти како што се цинкот, железото, витаминот Б12 и омега-3 масните киселини“, вели Кристофер Голден, професор на универзитетот Харвард.
„Од сите видови, малите риби се најдобар извор на овие хранливи материи, а ние не ги консумираме доволно“, додал тој.

Прескокнете ги лососот и туната, оваа риба е најздрава

Што се однесува до рибите, негов совет е да го зголемите внесот на харинга, скуша, сардина и инчуни.
„Ако јадете помали риби, како и школки, поголема е веројатноста да внесете помалку жива во организмот. Покрај тоа, овие видови риби се најдобриот можен извор на животинска храна од гледна точка на одржливост“, вели Голден.

И на крај, не заборавајте на морските алги.
„Имаат малку калории и се добар извор на влакна, а исто така содржат јод, минерал кој е потребен за производство на хормони на тироидната жлезда“, се вели во написот на „Harvard Health Publishing“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.