Неверојатни сцени во Германија? Среде лето паднаа 30 сантиметри снег: Ова е вистината (ВИДЕО)

Град од мразулци, со дијаметар меѓу еден и два сантиметри, создаде зимска сцена среде лето
Силно невреме помина над градот Ројтлинген во Германија и предизвика големи поплави. Центарот на градот беше особено погоден од екстремните временски услови, каде поради невремето градот се насобра неколку сантиметри во височина.

Градот до тој степен ги побеле улиците што многумина шпекулираат дека е снег.

Град од мразулци, со дијаметар од еден до два сантиметри, создаде зимска сцена среде лето. Градот го блокираше и канализациониот систем, што доведе до поплавени улици. Градот Ројтлинген соопшти дека слојот град во центарот на градот достигнал висина од 30 сантиметри. За расчистување на патиштата техничките служби донесоа снежни машини, соопшти градскиот портпарол.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.