Побеле град во Германија, неверојатни снимки по силното невреме

Силно невреме пропратено со грмежи, град и силен дожд го погоди градот Ројтлинген, Германија. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои на прв поглед изгледа како снежна покривка да ги прекрила улиците на градот.

Се гледа белиот слој на град кој за краток временски период се наталожил околу 30 сантиметри.
Градот, како и лисјата, ги блокирале одводните цевки, па од водата биле поплавени подземните гаражи, подруми и станбените згради.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.