„Бев убедена дека ќе ме убие“, вели Келси Скајлен.
Сега кога нејзиниот насилник е зад решетки, оваа млада жена ја претставува својата приказна пред јавноста заедно со фотографии како предупредување за другите девојки и за да се подигне свеста за насилството врз жените.
Дечкото на Келси, Џејмс Меккурт, ја тепал 4 ЧАСА бидејќи не сакала да му даде цигара. Таа сведочеше пред судот во Глазгов: „Тој само рече дека се е моја вина. Се сврте и ме нападна.“
Ова било само почеток на хоророт низ кој поминала 18-годишната девојка. Насилникот ѝ го одзел телефонот, а потоа ја заклучил во станот за да не може да побегне.
Пред да почне да ја тепа ѝ рекол: „Утре ќе имаш лузна на лицето, морам да го сторам тоа како што треба“.
Ја плукнал, а потоа ја удирал по целото тело удирајќи ја неколку пати и по главата. Жртвата не можела да направи ништо, не можела да се повлече или да се бори бидејќи тој ѝ ги притиснал колената на градите. Таа не можела да стане. Девојката врескала, надевајќи се дека некој од соседите ќе ја слушне.
Сфатив дека колку повеќе врескам, тој повеќе се лути и посилно удира. Конечно престанав да врескам. Кога почна да ми полева вода по лицето, се онесвестив. Не знам колку траеше – изјави таа.
Кога за момент ја освестил, таа го прашала дали е свесен дека му се заканува затвор, а тој одговорил: „Не ми е гајле дали ќе одам во затвор додека не умреш“.
Кога конечно ја напуштил собата, Келси успеала да најде iPad и да и се јави на мајка ѝ. Полицијата го уапсила напаѓачот. Тој признал дека многу пати претходно ја тепал до смрт. Еднаш ѝ го скршил носот. Признал и дека ѝ се заканувал во такси.
Џејмс Меккурт е осуден на 21 месец затвор и му е забрането да ѝ се приближува на жртвата 5 години.
Среќна е што конечно се ослободила од насилникот, но Келси психички и физички повредена ги сподели своите фотографии на социјалните мрежи.
-Никогаш нема да си го простам тоа бидејќи не зборував гласно, нешто слично може им се случило и на други девојки.