Какви родители израснуваат најсилни деца: Истражување од Харвард открива како да израснете отпорни и силни деца

Експерти од Харвард утврдуваат кои родители успеваат да израснат најсилни и најотпорни деца, а споделуваат и која е тајната во нивното воспитување.

Најфасцинантниот податок до кој дошло ова истражување е дека еден начин на воспитување од страна на родителите, штети на самодовербата и самопочитта која се создава кај децата.
Според истражувањето, успешните родители не го следат критикувачкиот стил на воспитување, односно не ги критикуваат своите деца. Исто така, успешните родители не ги условуваат децата со својата љубов.

„Овие нешта предизвикуваат лоши чувства кај децата, а за да ги пребродат истите, децата научуваат како да ги скријат таквите чувства обидувајќи се да станат личност за која веруваат дека би била сакана и потребна за своите родители“.
На крајот, децата може да развијат нешто што психолозите нарекуваат „лажно јас“, односно вештачка личност која служи како стратегија за добивање на љубов и поддршка која му е потребна на детето. Резултатот честопати е засрамено дете, непрепознатливо и чувство на недоволност кај истото.

Што прават поинаку успешните родители?
Родителите кои израснуваат отпорни и силни деца создаваат опкружување кое им овозможува да грешат и да не се плашат од неуспех.
„Тоа не значи дека не може да имате очекувања во однос на однесувањето на вашето дете. Само мора да внимавате како ја изразувате таа загриженост или очекување. Кога детето се однесува на начин кој не е прикладен со нашите вредности или надежи, треба да му покажеме дека таквото однесување не е во ред, но и дека тоа нема да направи да не го сакаме. На децата треба да им помогнеме да го одберат правилниот начин со тоа што ќе им дадеме предлози за подобар избор“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.