Мачеј Качоровски, нашиот дипломат и вршител на работи во Амбасадата во Тел Авив е херојот на евакуацијата на нашите државјани од Израел, но освен него во мисијата за спасување на македонските државјани голема улога има Хани Садикарио Тзадок, која е по потекло од Македонија, а која веќе 12 години живее и работи во Ерусалим и работи за Македонската амбасада во оваа држава.

Качоровски кој е вршител на работите во Амбасадата во Тел Авив на својот фејсбук профил изрази огромна благодарност до Хана за напорите кои таа ги вложила во спасувачката мисија на граѓаните кои се најдоа во Израел по започнување на воениот конфликт.
- Засилен сообраќај, најмногу се чека на „Богородица“
- Две лица уапсени поради предизвикување пожари во Битола и Прилеп
- Спречен нов масовен обид за илегален влез во Сеута: Мароканската полиција уапси 111 мигранти
- Автобус со 84 српски туристи излетал од патот во Бугарија: Нема повредени
- Приведени две лица за предизвикување пожар
- Кисела Вода има прилив на првачиња и тоа нè прави среќни, рече Јаневска при отворањето нова училишна спортска сала
- Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во пет општини, најкритично во Херцег Нови и Улцињ
- Приведен жител на Бучим, во возилото пронајдени 14.440 евра
- Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје е хибриден напад, можно е да има и комерцијален интерес
„Само да напоменам дека се што успеавме досега да направиме не би било можно без нашата колешка од Амбасадата во Тел Авив, Хана Садикарио Тзадок, која повеќе од 12 години работи за нашата држава и која од самиот почеток во сите изминати денови беше 24/7 вклучена во операцијата на излекување на нашите државјани од Израел, што за разлика од мене мораше да води сметка и за нејзините малолетни деца“, напиша Качоровски на фејсбук нагласувајќи го нејзиниот придонес и енергија и упатувајќи огромна благодарност до Садикарио Тзадок.
Мачеј Качоровски, нашиот дипломат и вршител на работи во Амбасадата во Тел Авив е херојот на евакуацијата на нашите државјани од Израел, напиша претходно министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот профил на Фејсбук.
Според него, Качоровски одиграл клучна улога во извлекувањето на нашите државјани преку различни транспортни рути, неуморно координирајќи го целокупниот процес од почетокот па сѐ до нивното безбедно враќање во Македонија.
Пронајдете не на следниве мрежи:



