Подгответе се за зима ако веќе не сте болни, а ако сте – овој напиток ќе ве застане на нозе.
Со постудените денови доаѓаат настинки, кашлица, треска, главоболки… Доколку и вие не сте поштедени од доаѓањето на есента, но и за да бидете здрави во наредниот период и мирно да ја поминете зимата, пробајте одличен рецепт за зајакнување на имунитетот.
Направен е од лук, мајчина душица, мед и ѓумбир, а многумина го нарекуваат инфузија за зајакнување на имунитетот, бидејќи ја враќа многу потребната сила.
- Трамп пред тешка одлука: Белата куќа на итни разговори за забрана на извозот на дизел
- Променливо облачно со сончеви периоди: утринските температури ќе бидат пониски
- ССНМ е загрижен за прогласување на технолошки вишок за новинари во ТВ Телма
- Попpeчена активност на криминално верско радикална групација
- Борисов прашува што ќе даде за возврат Бугарија за моштите на Цар Самоил
- Трамп: Војната со Иран ќе заврши „многу, многу наскоро“, цените на нафтата ќе паднат
- Три хороскопски знаци за кои октомври носи голема животна промена
- Мажите може да забележат необична промена во гениталиите по тренингот – Еве зошто
Потребни состојки:
1 чешне лук
1 лажичка рендан свеж ѓумбир
1 кришка лимон
3 гранчиња свежа мајчина душица
1 лажичка мед
Подготовка:
Сварете ја водата. Исчистете го, излупете го и изгмечете го лукот, а потоа излупете го и изрендајте го свежиот ѓумбир.
Во шолја ставете лук, изрендан ѓумбир, лимон, мајчина душица и мед. Прелијте со топла вода. Оставете го да кисне додека температурата не падне доволно за да ви биде удобно за пиење.
Оваа смеса можете да ја искористите и по втор пат да ја прелиете со вода, а не двоумете се да додадете уште малку мед.
Пронајдете не на следниве мрежи:



