Премиерот Димитар Ковачевски утре ќе учествува на Самитот на лидери на Берлинскиот процес во Тирана. Во состав на владината делегацијата ќе биде и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, најави владината прес-служба.
На Самитот е најавено е присуство на канцеларот на Германија, Олаф Шолц, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел како и голем број лидери од земји учеснички на Самитот – Австрија, Хрватска, Грција, Унгарија, Холандија, Словенија, но и високи претставници на ЦЕФТА, ОЕЦД, РСС, Светска Банка, Европската банка за обнова и развој и Европска инвестициска Банка.
- (Видео) Пивоваров: Криминалот нема ни вера ни етничка припадност
- Пол: Борбата беше наместена? Вие сте глупави идиоти!
- Путин: Ќе имаме сериско производство на ракети „Орешник“
- (Видео) Пивоваров: Полиграф е едно од решенијата за корумпираните македонски граници!
- Прв случај на Птичји грип во Калифорнија: „Природно е луѓето да бидат загрижени…“
Во рамки на Самитот ќе се одржат работни сесии на кои на највисоко ниво ќе се дискутира на теми поврзани со интегрирањето на регионот во единствениот пазар и подобрување на конвергенцијата со ЕУ, како и поддршката на зелената и дигиталната транзиција во земјите од Западен Балкан. Се очекува да се разговара за постигнувањата во рамките на Берлинскиот процес и влијанието на иницијативата врз регионалната соработка, нејзината важност во заокружувањето на европската интеграција, како и билатералните односи.
На Самитот планирано е усвојување на повеќе документи и заклучоци, како и потпишување на Договор за признавање на професионалните квалификации на медицинските сестри, ветерина
рните хирурзи, акушерките и фармацевтите од страна на лидерите на земјите од Западен Балкан, како продолжување на Договорот потпишан на минатогодишниот Самит на Берлински процес со кој се признаваат професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите.
За време на Самитот, според најавата, предвидено е премиерот Ковачевски да оствари средби со канцеларот Шолц, со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархели, како и со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо и со потпретседателката на Светска Банка за Европа и Азија, Антонела Басани.
Берлинскиот процес се развива со поддршка на Европската комисија, меѓународните финансиски институции и земјите-членки вклучени во процесот – Германија, Франција, Австрија, Бугарија, Хрватска, Италија, Словенија, Грција, Полска и Обединетото Кралство, заедно со шесте земји од Западен Балкан.
Пронајдете не на следниве мрежи: