Претседателот на партијата Демократско движење и пратеник во Собранието, Изет Меџити изјави дека носењето на уставните измени поврзани со Преговарачката рамка на Македонија со ЕУ ќе биде услов за евентуална коалиција по парламентарните избори со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ.
- На штипскиот УГД во првиот уписен рок пријавени 1.150 кандидати за студирање во прва година
- Вдовицата на Хју Хефнер проговори за бракот со него: Мислев дека сум луда, тој мораше да умре за да можам да си одам
- Скопските пожарникари спасија теле од пожарот на планината Китка
- Утре претпладне сончево и топло, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
- Во делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
- Норвешка влегува во отворен конфликт со Брисел: Не сака да го запре екстракцијата на гас и нафта, без оглед на критиките од ЕУ
- Средба Сиљановска-Давкова и Славески: Економијата е стабилна, приоритет остануваат макроекономската и финансиската стабилност
- Депортации, укинување на еврото, излез од еврозоната и Шенген: Вајдел најави планови за Германија ако АфД дојде на власт
- „Талир 2“ пред застарување, Апелациониот суд мора да одлучи до 31 август
Меџити, во интервју во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, вели дека за Албанците, но и за сите други граѓани на Македонија, приоритет над приоритетите е европската интеграција, и затоа нивниот став е јасен – носење на уставните измени со кои би се отворил патот на земјата кон Европската Унија.
Демократско движење, според него, нема по секоја цена да прифати да биде дел од некоја власт која нема да има приоритет „да ја започне работата со европските интеграции“.
Ние немаме друг избор, друга алтернатива немаме. Ние себеси не се гледаме како дел од власт која нема да има евроатланска ориентација. Ова сме го докажале пред две години, со придонесот на Кастриот Реџепи, а и мој со тоа што успеавме да ја задржиме Македонија на евроатлантскиот пат, рече Меџити.
Пронајдете не на следниве мрежи:



