Денеска е Св. апостол Тома. Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител.
Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна линија е неверување во Христовото подигање од мртвите. Она што му е уште помалку познато на нашиот народ е дека неверувањето на истиот Тома, Господ го искористи за да се потврди пред целиот свет реалноста на Неговото воскресени
Да се потсетиме дека апостол Тома ги стави прстите во Христовите рани и ја опипа реалноста на живото тело, истото тело кое претходно умре на крстот. Подоцна, кога апостолите се распрснаа по целиот свет да го проповедаат Евангелието, на свети Тома му падна да отиде во Индија.
Таму пострада маченички и со тоа уште еднаш, и сега најасно, ја посведочи својата вера во воскреснатиот Спасител.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.