Понудената промена на Деловникот која власта и опозицијата сакаат насилно да ја протиркаат во Собрание е крајно штетна и опасна, ги претвора пратениците во чиновници, а се воведува двојазичност во Собранието и одиме кон дводомен парламент, вели во денешната епизода на Тешки муабети лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
- Вредни парчиња накит од Клаудија Кардинале на аукција
- Виктор Орбан е минато: Петер Маѓар положи заклетва како нов премиер на Унгарија
- Руски спортист убиен со ловџиска пушка, нападот бил планиран и извршен од заседа
- Невролог открил кои дневни навики го зголемуваат ризикот од мозочен удар
- Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, но нема да правиме компромис со нашиот идентитет
- Консумирањето повеќе од овие хранливи материи може да го намали ризикот од мозочен удар
- Рама: Албанија е поблиску од кога било до европското семејство
- Кошта со порака до македонските граѓани: Вашата земја е кандидат за членство во ЕУ веќе многу години – време е да се направи чекор напред
- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја „заведува“ Бугарија со уставни измени, СДСМ донесе штетни договори во земјата
– Нѐ поканија да присуствуваме на иницијативата Појас и пат во Кина, но ни спремаат “атентат” од заседа ако го напуштиме Парламентот.
Новиот Деловник предвидува да бидам краток и јасен за пунликата, озлогласеното ЕУ-знаменце во иднина ќе биде за сите пратеници, џабе имате и 10 и 20 пратеници нема да можат да го блокираат Собранието. Собранието станува фабрика за закони, редовната постапка ќе биде како сегашната постапка со ЕУ-знаменце. Затоа мораме да бидеме со Борис во Собрание.
И 500 и 1000 амандмани да поднесеш ништо, тоа ќе значи џабе имаш опозиција, штанцање на сите закони. Ние блокиравме првиот пат кога сакаа да работат од дома, потоа личните карти со етничка припадност, платите на судиите… Многу штетни закони кои ние ги блокиравме во иднина нема да може да се блокираат. Пратениците се претвораат во чиновници, се убива дуот на демократијата.
Ај да воведеме еднопартиски систем. Ние се чувствуваме предадени затоа што ДПМНЕ го поддржува ова, тие договорија прослава во декември во Париз за “консензусот, се обединија опозиицјата и власта”… Проблематично е што имаме Жан Моне процес, немаме ние паметни луѓе? Еве Павел Шатев нека се вика…
Ова е внатрешно прашање, добро е да се види искуството во европарламентот, ама ова е гостинот да му наредува на домаќинот. Тие го договориле уште во минатиот состав ама веројатно поради Северна глумеле ама сега ќе си легнат на брашното. И се воведува двојазичност во Деловникот, ќе нема дрѓава во светот каде се претседава на македонски јазик, а ќе има три држави во светот каде се претседава на албански јазик, вели Апасиев.
Пронајдете не на следниве мрежи:



