Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, е избрана за член на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници.
Како што соопшти Град Скопје, Арсовска е избрана на Генералното собрание на кое присуствувале градоначалници од Америка, Европа, Азија, Блискиот исток и Африка.
- Биткоинот скокна за повеќе од 2 проценти: Вредноста достигна 67.780 евра, итриумот исто така расте
- Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот во Албанија оди бавно
- Одлуки за дата-центри зад затворени врати не смее да има, велат од ДОМ
- 6 намирници богати со мелатонин кои можат да го подобрат сонот
- Јарецот изгледа смирен, но крие неверојатно силен карактер
- Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на УС Опен
- Точката на телото што предизвикува луди оргазми: Одлична и за импотенција
- Пет раси на мачки кои силно се поврзуваат со своите сопственици и тешко ја поднесуваат осаменоста
- Холандија се откажува од Евровизија
Управниот одбор, како раководно тело на Глобалниот парламент на градоначалници има за цел да одлучува за стратешките насоки, политики и заложби на градоначалниците, и преку вмрежување да делува со конкретни заеднички проекти кон овозможување поголема инклузивност и одржливост на градовите на глобално ниво, велат од Град Скопје.
Арсовска учествуваше на глобалниот настан за градоначалници „СитиЛаб 2023“ во Вашингтон во организација на „Блумберг“. За време на посетата, Арсовска остварила средби со градоначалници од САД, креатори на политики, експерти и иноватори посветени кон изнаоѓање решенија за справување со предизвиците со кои се соочуваат градовите.
Пронајдете не на следниве мрежи:



