Жената која ја нападнала пејачката Ристеска задржана во полициска станица

Жената која ја нападнала пејачката Ристеска задржана во полициска станица.
Жената која ја нападнала пејачката Елена Ристеска во ноќниот клуб „Интермецо“ е задржана во полициска станица. Полицијата работи на случајот, а пејачката кажа дека се подготвува и кривична пријава, што би значело постапување на обвинител, но и можно обвинение.

Тепањето на Ристеска се случи во саботата кон неделата, во текот на ноќта. Ристеска сведочи дека ја спасил нејзин пријател, па додава дека била нападната без причина. Побара и поддршка од медиумите.

„Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име. Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка. После 21 година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име. И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови“, пишува Ристеска.

Ристеска била удрена и со тврд предмет при нападот. Карактерот на повредите, не го открива ниту таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.