Порака која ќе им ги отвори очите на сите дами: Совет кој Опра Винфри го добила кога напoлнила 50 години е вреден колку злато

Понекогаш важно е само да ја смените перспективата на гледање на работите, тврди водителката и мотивациска говорничка.

Општеството го наметнува очекувањето секогаш да останеме млади, како стареењето да е некој неприроден процес. Баш поради тоа многу од дамите се соочуваат со процесот на стареење на тој начин што на него гледаат како на голем предизвик. Како да им се брои секоја брчка и секое седо влакно.

Водителката Опра Винфри често истакнува колку стареењето всушност е прекрасен и нормален биолошки процес во текот на кој повеќе се запознаваме себеси и откриваме некои нови погледи и убавини на животот. Кога таа се соочувала со влегувањето во средните години, добила важен совет од американската активистка Маја Анџелоу.

„Кога наполнив 50 години, мојата драга пријателка Маја сѐ уште беше жива и ми рече: Душо, во своите 50-ти ќе бидеш сѐ што си посакала да бидеш, можеш да правиш што и да посакаш. Тоа е тоа. Влегувај, Зошто, сѐ уште не си тука?“.

Опра повеќе пати истакнала дека новото животно доба може да ни го направи животот поубав.

„Живееме во култура во која сѐ е свртено против стареењето, секој производ е производ против стареење, сѐ што треба да јадете е за анти-стареење… Мислам дека сите стануваме подобри со текот на годините, а културата како да е поставена да ни каже дека тоа е погрешна работа“, објаснила таа.

Таа ги додала и следните важни совети: „Секоја година треба да нѐ научи на нешто вредно. Дали ќе ја научиш лекцијата зависи од тебе. Секоја година те приближува кон твоето вистинско „јас“. Јас го сакам тоа и го почитувам. И благодарна сум и благословена за секој период од животот низ којшто поминав“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.