Австралиска баба стана сензација на социјалните мрежи благодарение на нејзината посветеност на физичката активност и фитнесот.
Лесли Максвел, која има 66 години и живее во Мелбурн, редовно поминува време во теретана, а благодарение на нејзината посветеност на вежбањето изгледа навистина импресивно.
Нејзиното тело и изгледот и го одземаат здивот на сите, а привлекува и големо внимание, особено кај спротивниот пол, меѓу кои е попопуларна и од нејзината внуката.
- Зошто доматите во вашата градина не напредуваат? Овие грешки можат да ги уништат вашите растенија
- Латвија пронајде тунел за мигранти на границата со Белорусија, уапсени 15 мигранти
- Тинејџерите кои јадат појадоци богати со протеини подоцна донесуваат поздрави одлуки за храна
- Два брода со повеќе од 200 туристи се судрија кај грчкиот остров Крф
- ПЕТ скенерот надвор од функција, здравство тврди проблемот бил технички
- Пазар на недвижности: Бројот на продадени станови во вториот квартал зголемен за 37%
- Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на употреба на тутун во Европа
- Која риба е најдобра за срцето и кога да се консумира?
- (Видео) Напад на полицајци со нож во Франција: Додека ги бодел извикувал „Алах акбар“
Лесли Максвел редовно споделува провокативни и разголени фотографии на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, а повеќето од нив се направени во теретана, каде што сака да тренира со нејзината внука Тиа. Интересно е што Тиа, внука која е многу отворена за разговор на социјалните мрежи, признала дека баба и и е сериозна конкуренција кога е во прашање привлекувањето на машкото внимание.
„Ми се додворуваат дури и 18-годишници, што е навистина смешно. Понекогаш се прилично експлицитни. Сето тоа го сфаќам како комплимент, одлично е што сум и интересна“, вели Лесли Максвел, која овие пораки ги смета за комплименти.
И додека Тиа се забавува со огромното внимание кое баба и го привлекува на социјалната мрежа Инстаграм, ќерката на 66-годишната Лесли Максвел, Ванеса, која баш и не се занимава со фитнес, не е толку воодушевена од објавите на нејзината мајка на социјалната мрежа.
„Таа сè уште ми е мајка, не е ќерка тинејџерка или нешто друго. Не сакам да се промени, само малку да се спушти на земја“, изјавила Ванеса.
Од друга страна, Лесли Максвел своите објави на социјалната мрежа Инстаграм ги смета за дел од нејзината работа.
„Навистина сакам фитнес и секогаш сум во теретана во оскудна облека, но и се натпреварувам, па навикната сум да бидам на сцена во минијатурни бикини. Не ми е проблем да прикажувам такви фотографии. Не сум се срамам од своето тело. Морам да бидам производ во кој верувам. Не сакам да прикривам и ако сакам да го покажам своето тело ќе го покажам. Зошто да си стар и болен ако не мораш, зошто да не бидеме на врвот на светот“, вели самоуверено таа.
Лесли Максвел решила да стане личен тренер кога имала 48 години и таа година победила на својот прв фитнес натпревар. Смета дека својот младешки изглед го должи на строгиот фитнес режим и фактот што тренира најмалку пет пати неделно.
Во минатото таа работела како шминкерка, а денес стана инспирација за многумина благодарение на нејзиниот животен став и посветеноста на физичката активност.
Пронајдете не на следниве мрежи:



