Во изминатите неколку дена на Островот одекна вестта дека светската ѕвезда – Тејлор Свифт има намера да го купи најстариот фудбалски клуб во светот, Нотс Каунти. Навивачите ја дочекаа вестта во неверување, бидејќи клубот веќе извесно време има проблеми со резултатите, а моментално се натпреварува во Лига 2.
- Актерката го доби старателството над својата ќерка: Се бореше за тоа со месеци, тврдеше дека поранешниот емотивно ја злоставувал!
- 900 милиони долари на ден: Нов рекорд во трошењето на Русија на војната во Украина
- Заработете 2.150 евра за три месеци: ДЗС бара поранешни војници и полицајци за гаснење на пожари
- Пет скриени извори на додаден шеќер што може да ве изненадат
- Пет грешки што ја уништуваат климата во автомобилот: Една што најчесто ја прават сите возачи
- Омилена турска актерка приведена поради дрога: Голема операција на турската полиција, уапсени 22 лица
- Премиерот на Пакистан: Постигнат конечниот текст на мировниот договор меѓу САД и Иран
- Целиот свет зуи за овој детаљ од отворањето на Светското првенство: „ШТО СЕ СЛУЧИ СО ШАКИРA?“ (фото)
- Историски ден на берзата: SpaceX собира 75 милијарди долари, Елон Маск станува првиот трилионер во светот
- Колку е навистина добар белиот ориз – и дали треба да се избегнува?
Сепак, многу брзо стигна демант од претставништвото на клубот и тоа многу креативен. Сопствениците на клубот Крис и Алекс Рец излегоа со официјално соопштение, а она што е интересно е што во текстот се наоѓаат наслови на песните на Тејлор Свифт како „Blank space“, „Bad blood“, „Style“ и други.
– Колку и да ни е жал што ги разочараме нашите и обожавателите на Тејлор Свифт, најостро ја демантираме приказната дека таа нè купува. Сигурно нема недоразбирања меѓу нас и Тејлор, но и таа самата знае дека нема да и’ го препуштиме клубот – изјавија Крис и Алекс Рец.
Интересно е што сопствениците на клубот наредиле на следниот натпревар во Лигата 2 против Рексам, целата плејлиста да биде базирана на хитовите на Тејлор Свифт и нејзиниот нов албум „1989“. Сакаат да и’ се заблагодарат за интересот.
Како што споменавме, Нотс Каунти е најстариот фудбалски клуб во светот откако е основан во далечната 1862 година. Тие се натпреваруваат во четвртиот степен на англискиот фудбал и според најновите гласини Тејлор Свифт би требало да потроши нешто повеќе од милијарда долари за да го купи клубот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



