Патничкиот воз Скопје – Неготино синоќа удрил во железен предмет кој испаднал на пругата од друг воз, при што патниците патувале шест часа. Како што објасни неготинецот Илија Стамков, поголемиот дел од возот останал во тунелот, само предниот дел каде што е кабината на машиновозачот бил излезен надвор.
- Не сакаше лично да ѝ каже, па ја искористи кралицата Камила: Еве што Меланија Трамп ѝ кажа на Кејт Мидлтон (фото)
- Актерката за филмови за возрасни откри што користат мажите на снимање: Тие секогаш изгледаат подготвени, но всушност…
- Сиљановска: Балансерот беше извор на корупција, а не решение
- Поднесено обвинение против телохранителот на премиерот
- Прекинат пат преку Атлантскиот Океан, запленети 11 тони кокаин и 8,5 тони хашиш
- Знаци кои укажуваат на недостаток на калциум во телото
- (Видео) Драма во Грција кај Лефкада: Пронајден поморски дрон, полн со експлозив?
- ДЕТАЛИ ЗА НАЈГОЛЕМАТА КОРУПЦИСКА АФЕРА ВО УКРАИНА: Кој е мистериозниот „Вова“? Откриено кој е „Хирургот“ и како најблискиот круг на Зеленски ја ограби Украина во екот на војната!
- Фудбалерите на Реал Мадрид го разоткрија „кртот“ на Арбелоа во соблекувалната, тој известуваше за сè што се случуваше
– Се беше во ред се додека машиновозачот кој има подолго искуство и возеше бавно во тунелот пред Велес, не го забележал предметот железо што наводно испаднал од друг воз и почна со кочење, но бидејќи возот има голема тежина удривме во железниот предмет, од кој што можевме да бидеме исфрлени од железничката пруга. Се слушнаа неколку удари, јас помислив дека можеби ќе бидеме исфрлени од пругата, но закочивме и поголемиот дел од возот остана во тунелот, само предниот дел каде што е кабината на машиновозачот беше излезен надвор од тунелот, рече Стамков.
Возот застанал и според информациите на патниците, случајот бил пријавен кај надлежните и во полиција. Безбедноста била, како што им кажале, околу тоа дали ќе продолжи возот, бидејќи од ударот, не можело да се види дали има некое оштетување.
– Полиција дојде, но тоа не значеше крај на нашите маки. Се изначекавме. Почнаа сите од возот да излегуваат и да се бунат, три пати испаднавме и се буневме, два пати не лажеа дека сега ќе тргнеме, сега ќе тргнеме. Испаднавме и почнавме во нервоза да се караме поостро и поостро. Благодарност до машиновозачот кој беше присебен и ни ги спаси животите на сите со неговата брза реакција и кочење. Стасав на железничка станица Неготино во 23 часот, а тргнав од Скопје околу пет часот, нагласи Стамков.
Тој додаде дека додека возот стоел, неколкумина патници тргнале пеш по пругата до Велес.
– Имаа среќа и не им се случи ништо лошо по патот, по таа темница по пруга. Кога тргнавме, ги качивме и нив по патот, рече Стамков.
Тој изрази надеж дека во иднина нема да се случуваат вакви немили настани.
Пронајдете не на следниве мрежи:



